Search

(Ексклузивно видео): Блерта Поцеста во судот во Гостивар, одбраната тврди не ги убила родителите и сестрата

Блерта Поцеста- ладнокрвен убиец или манипулатор кој успеал да ги измами и полицијата и „помагачите“, е прашање кое судечкиот совет во Основниот суд во Гостивар ќе треба да го одговори во случајот на трикратното убиство во Дебар.

Блондинка со наочари е сосема различна слика од она што јавноста го виде на фотографиите по убиството на тројца членови на семејството Поцеста во Дебар, на кои се гледа Блерта, црнка со куса коса во семејна идила со своите родители и помалата сестра, кои според обвинителството во Гостивар, ладнокрвно ги убила со по еден куршум во главата. Екипа на 24 Инфо присуствуваше на судењето и објави ексклузивни фотографии од обвинетата девојка.

Блерта (29) денеска беше донесена во гостиварскиот суд каде почна судскиот процес против неа и Ферди Гаши од Гостивар и Веап Клобочишта, кои се обвинети дека и помогнале во извршување на злосторството.

Но од она што денеска беше презентирано од ОЈО, како и од обраната на тројцата обвинети за убиството во Дебар, се чини дека ќе бидеме сведоци на едно контроверзно судење во кои освен обвинителството, и секој од обвинетите има различна приказна за тоа како се случило убиството кое лани ја потресе македонската, но италијанската јавност.

Според Основното јавно обвинителство Гостивар, Блерта со умисла ги убила своите родители Амит (56) и Назмие (53), како и 14 годишната сестра Анила во семејната куќа во Дебар на 26.08 2018 година.

-На 25.08. Блерта во Гостивар се сретнала со Гаши каде изнајмиле автомобил „сеат леон“ од рентакар агенција за два дена. Тој ја прашал „зошто ти треба пиштол“, а таа му одговорила „сакам некого да убијам“. „Нема проблем, имам човек, има пиштол, бомба, калашников“ рекол Гаши ѝ се пофалил дека има и човек од граница кој може да го изврши убиството. Таа му дала 700 евра за пиштолот. Кога стигнале во Дебар, Гаши се сретнал со вујко му Клобочишта, на кој му рекол дека му треба пиштол, по што се вратил во автомбилот и откако се возеле одредено време низ градот, пак се сретнале со вујкото во близина на градската болница и му го дал оружјето, со црна рачка и рамка со пет куршуми, завиткан во кеса. Гаши му дал 400 евра и со Блерта трганел кон Струга. Во близина на Дебарско Езеро, Гаши излегол од колата и пиштолот го ставил во појасот, по што се вратил зад воланот и продолжил да вози кон Струга. Кога излегле од Дебар, тој пак застанал и пиштолот го ставил под хаубата, односно во внатрешноста на моторот. Кога стигнале во Стурга Гаши го извадил пиштолот од моторот и го ставил под совозачкото седиште. Двајцата потоа заминале во изнајмен апартман. Блерта околу 24 часот излегла од собата без да му каже на Ферди и со автомобилот заминала за Дебар. Таму стигнала околу 2 часот и чекала да се раздени. Околу 4 часот влегла во куќата и се качила на спратот, по што во спалната соба ги застрелала Амит и Назмие со по еден куршум во главата, а потоа влегла и во детската соба и на идентичен начин ја застрелала и Аниле. Потоа со автомобилот се вратила во Струга и му го дала клучот на Ферди, кој не бил во собата. Потоа со такси заминала за Скопје, каде во 13 часот одлетала за Венеција, изјави обвинителот во воведните зборови.

Од него слушнавме дека пиштолот бил НН марка со куршуми во калибар 7,65 милиметри, но не го слушнавме мотивот за убиството. Тој рече и дека чекаат од Италија докази кои се битни за случајот.

Додека обвинителот раскажуваше како се случило убиството, Блерта смирено слушаше, иако на момент и се насолзија очите. Таа беше смирена и речита додека со адвокатот Асмир Алиспахиќ ги прегледуваа доказите од предметот против неа, а кои им ги даде судијата Даут Рустеми по нивно барање, бидејќи наводно не им биле презентирани, ниту, пак ги добиле од ОЈО Гостивар. Увидот траеше повеќе од еден час, а Блерта имаше забелешки за одредени работи кои ревносно ги запишуваше. На моменти изразуваше и незадоволство од тоа, „како може така да се чуваат документи, или дека фали ова или она“.

Несериозна истражна постапка доведе до вакво обвинение, кое е нецелесно, конфузно, нејасно. Одбраната ќе докаже дека Блерта не е е убиецот. Субјективниот опис доведен во корелација со доказите на ОЈО не може со ништо да се поткрепи. Нејасно е како може да се наведе како факт дека таа со умисла ги лишила од живот жртвите. Во нестручната истрага на СВР Дебар, заедно со ОЈО Дебар и ОЈО Гостивар недостига клучното-барутните честички кои ги нема најдено кај Блерта, бидејќи не е изработен тест со парафинска ракавица, а истиот е изведен на останатите двајца обвинети. Ако таа пукала зошто не и е направен тест? Станува збор за релативно мала временска разлика од помалку од 48 часа во кои постои можност да останале барутни честички. Мотив и умисла се двата од петте елементи потребни да се подигне обвинение за кривично дело. А според ОЈО, умислата произлегува од разговор на Блерта со Гаши, кој не е поткрепен со никаков доказ. Паушално е тврдењето за пиштол НН марка. ОЈО знае за каков пиштол станува збор. Чаурите не содејствуваат со изјавата на Гаши, кој тврди дека ѝ продал италијански пиштол „Бруно 92“ со калибар 8,8 милиметри, а на местото се најдени српски чаури од калибар 7,65 милиметри. До крајот на доказната постапка ќе видима дали мојата клиентка ќе даде исказ или не, рече Алиспахиќ.

По него, воведен збор даде адвокатот на Гаши, Златка Доревска, која рече дека нејзиниот клиент е жртва на добро испланирана акција на Блерта Поцеста да ја насочи истрагата во сосема погрешна насока и да ги скрие вистинските помагатели.

И тоа за жал и успеа, на нејзината игра наседна и обвинителството. Таа дала оглас на Реклама 5 на кој бара шофер кој ќе ја вози додека престојува во Македонија. Немажена девојка од богато семејство со бизнис во Италија. Млада и атрактивна го завела Гаши кој се јавил на огласот. Кога ја стекнала неговата доврба му побарала и пиштол, но за самоодбрана бидејчи не се чуствувала безбедно во Македонија. Мојот клиент и рекол дека може да набави, но и дека и треба дозвола. Бидејќи таа инистирала дека нема време за да вади дозвола, оти наводно се пожалила оти три пати им ја обивале куќата додека биле лани во Македонија, Гаши и понудил плашливец, но таа го одбила преглогот барајќи вистинско оружје– рече Денковска.

Според неа, Блерта стигнала во Скопје на 25 август, но Гаши не ја чекал на аеродромот во Скопје, бидејќи не верувал дека ќе дојде и немал доверба во неа. Откако имала седум невозвратени повици од Гаши и две смс пораки, таа сепак со такси дошла во Гостивар и го побарала на мобилниот телефон од неговата сопруга. Тогаш Гаши решил да се види со неа, но бил изненаден и не можел да ја препознае оти на Ватс Ап имала друга фотографија.

Таа го излажала дека нејзините родители се во Струга, по што откако го зеле автомобилот тргнале кон Дебар, каде Гаши требало да го земе шпиштолот од својот вујко Неап. Тој му го дал пиштолот „Бруно 92“ но го предупредил да не пука со него оти не е исправен па може да пропадне продажбата. Му дал и пет куршуми за истиот со ознаки ZKP R-32. Од кои три биле оштетени. Кога влегле во автомобилот, Блерта инсистирала Гаши да пука, за да ја наули како се пука, но тој не прифатил. А всушност, целта и била да Гаш биде денеска на нејзиното место, тој да биде обвинет за убиството оти кај него ќе пронајдоа барутни честички. Во Струга изнајмиле апатрман, но таа му објаснила дека мора сама да оди дома со автомобиолот. Кога останал сам, Гаши ги фотографирал 300 евра кои ги заработил ѝ се пофалил на сопругата, па ја повикал со децата да дојдат на два дена во Струга. Таа му рекла дека се во Стуга негови роднини и му кажала да ги побара. Гашѓи се случнал со нив и вечерта изглегле во град, а за што сведочат и видеа поставени на социјалните мрежи. Тој, сепак, сакал да флертува со Блерта, па и се јавил неколку пати во текот на ноќта, но не му се јавила. Утрото во седум ја напуштил собата, а на Блерта и пишал дека е во кафуле на кејот каде ќе чека да му ги донесе клучевите од автомобилот. Гаши не знаел, јиту, пак, можел да знае дека таа симпатична девојка планира да ги убие своите родители. На 27 август слушнал што се случило и почнало да го гризе сосвеста, па пробувал да стапи во контакт со Блерта, но не успеал. Тој стравувал од најлошото па од неа барал да му ги врати куршумите, но било предоцна, Затоа бараме мојот клиент да не одговара за помагање во убиство, туку за недозволено тргување со оружје, рече Денковска.

И обвинетиот Веап Клобочишта рече дека бил изманипулиран од внукот, кој му рекол дека му го продава пиштолот на некој старец, овчар на кој му требало оружје за во шумата. Тој истакна дека никогаш не се сретнал со обвинетета.

 

Игор Шегавиќ

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави