Search

Еко Герила бара одговори од општина Тетово за уништеното зеленило

-Во последно време гледаме дека и оние малку зелени површини на градот на улица Борис Кидрич, тивко се заменуваат со бекатон, реагираше денеска Еко Герила, невладина организација активна во областа на животната средина. Тие потенцираа дека потребни се одговори од општината зошто наместо трева се дозволува да има бетон.

-Ја прашуваме Општина Тетово и градоначалничката Арифи со чија дозвола се прави ова узурпирање на јавниот простор за приватни потреби, стои во нивната реакција и фотографии со пример како наместо зелен појас по изградба на нова зграда се поставени бекатон плочки.

Од Општина Тетово соопштуваат дека со новиот Генерален урбанистички план се предвидени т.н зелени џебови со кои ќе се уредуваат површините околу густо изградените згради каде до сега имало неуредени јавни површини.

-Од минатата година започна акција за расчистување и ослободување на јавните зелени површини и нивна адаптација, кои на неколку локации во градот беа комплетно опремени и ставени во служба на граѓаните. Паралелно со ослободување на овие површини се правеше и нивно позеленување како и средување на инфраструктурата и поставување на канти за отпадоци и дрвени клупи за одмор и рекреација на граѓаните, се со цел да обезбедиме поквалитетен живот за граѓаните на нашиот град, информираат од Општина Тетово.

Во Тетово во тек е реконструкација на паркот кај Шарена џамија. Со средства на приватна компанија се поткаструваат дрвјата, треба да се градат нови патеки, катче за деца, урбана опрема и фонтана.

Треба да знаете
Последни објави