Search

Еко акција во Козле

Комуналните служби на Општина Карпош денеска имаа голема акција за чистење на населбата Козле, на потегот од ООУ „Владо Тасевски“ до Министерството за економија.

Хигиеничарите ги отстрануваа лисјата од јавните површини, а патем го отстрануваа и погабаритниот отпад: пластика, хартија и стакло.

Локалната самоуправа упатува апел до сите граѓани за зголемена грижа за животната средина.

 

Општина Карпош продолжува со секојдневната грижа за јавната хигиена и во наредниот период.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави