Search

Економско-социјалниот совет ја одржа 57. седница

Во Министерството за труд и социјална политика се одржа 57. седница на Економско – социјалниот совет (ЕСС), со која претседаваше заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.  На седницата беа разгледани Седмиот извештај за ревидираната Европска социјална повелба, Годишната програма за работа на ЕСС за 2020 и  Информацијата за работењето на ЕСС во 2019 година.

Присутните дебатираа за сите точки и ги споделија предлозите и мислењата на организациите кои ги претставуваат поврзани со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, како и за законски решенија од економската и социјалната сфера.

Континуитетот на социјалниот дијалог на сите нивоа е една од клучните заложби на Владата, со цел да се обезбеди суштинска транспарентност и инклузивност на процесите кои ги води.

ЕСС нотираше дека трипартитна делегација на Република Северна Македонија ќе учествува на 109-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева, во јуни годинава. На Конференцијата, меѓу другото, ќе се дебатира за Нееднаквостите и светот на работата и за Стратешките цели на социјалната заштита во делот на социјалното  осигурување.

 

 

Треба да знаете
Последни објави