Search

Економскиот сектор создал 1143 илјади тони отпад, 1,79 отсто опасен

– Секторите со економска активност во земјава во текот на 2018 година создале 1143 илјади тони отпад, од нив 98,21 отсто е неопасен,а 1,79 отсто опасен отпад, објави Државниот завод за статистика. Податоците укажуваат дека најмногу отпад создава преработувачката индустрија – 531 илјади тони или 46,54 отсто.

Во оваа  година вкупно се третирани 1 142 илјади тони отпад. Количеството на рециклиран отпад изнесува 524 илјади тони.  Најмногу с реиклирале отпаоци од  железен метал, необоени метали, отпадоци од хартија и картон и отпадоци од пластика.

Од создадениот отпад, 1 145  тони се складиран отпад.

Треба да знаете
Последни објави