Search

Екологистите бараат да не се гради тешка индустрија во Гази Баба

О2 Иницијатива информира дека испратиле барање до градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски претседателот на советот Тони Бојковски  и советниците, да го прекинат веднаш јавниот повик за изградба на Г1 – тешка и загадувачка индустрија со давање под долготраен закуп на 99 години на градежно земјиште сопственост на РМ.

,Според нив, нов индустриски комплекс на овој потег во голема мера ќе ја влоши и така страшната состојба со аерозагадувањето, ќе долие само на чашата која е веќе прелеана и ќе го зголеми бројот на заболувања кои загадениот воздух ги предизвикува: кардиоваскуларни, срцеви и мозочни удари, рак, респираторни, имунолошки пореметувања, итн. и со тоа ќе ја зголеми смртноста од аерозагадувањето.

,,Знаејќи дека аргументите кои би требало да бидат доволни сами по себе се доволни во нашава држава и дека уставно право на здрава животна средина е загрозено, минатата недела до Уставен суд поднесовме Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на овој ДУП за Градска четврт „С 17“ Блок 1, Општина Гази Баба. Очекуваме Уставниот суд позитивно да се произнесе по неа како што впрочем тоа го направи и со нашите четири иницијативи за ДУП-ови во општина Карпош, поднесени од нас.

Поради можностите за финансиски штети што општината ќе ги сноси доколку не го прекине огласот според оспорениот ДУП, бараме да го прекине јавниот повик и стопира процесот до конечната одлука на Уставен суд”, информираат од О2 Иницијатива.

Тие ја повикуваат Општина Гази Баба да го извести Уставниот суд за пропустот кој е направен од претходната локална власт, со што ќе го забрза процесот на донесување конечна одлука и ќе покаже решеност да работи во интерес на здравјето на граѓаните од општината и законски, а не во интерес на профитот од изнајмување простор на индустрија на која не и е место во нашата презагадена урбана средина.

Треба да знаете
Последни објави