Search

Еклстон очекува Тото Волф да го напушти Мерцедес

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун смета дека неодамнешните информации за иден трансфер на Тото Волк од Мерцедес во Астон Мартин ќе се покаже како вистина. Еклстоун (89) потврди дека сегашниот шеф на шампионите во Мерцедес е во многу блиска врска со сопственикот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл. Канадскиот милијардер ги зголеми влоговите во Астон Мартин пред неколку недели и планира да го смени името на сегашниот „Рејсинг Поинт” уште еднаш со она на легендарната компанија за спортски автомобили.

– Во последно време Тото се доближи до Ленс Строхл. Тој има дарба да се опкружува себеси со вистинските луѓе за пријатели, а тоа му помага многу во бизнисот и Формула 1. Очекувам гласините да испаднат дека се вистинити и наскоро ќе го видиме Волф како шеф на идниот тим на Астон Мартин, коментира екс директорот на Формула 1.

Според негово мислење, Тото и Ленс ќе создадат многу силен тим затоа што обајцата внимаваат на изборот на своите вработени.

– Слична рокада може да биде и крај за Мерцедес во Формула 1. Тие постигнаа се за што дојдоа, а можеби и повеќе, заклучи Британецот.

Треба да знаете
Последни објави