Search

Екипирана Канцеларијата на европскиот јавен обвинител

Советот на Европска Унија именуваше 22 обвинители на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО), кои заедно со шефицата на Канцеларијата се задолжени за истраги, гонење и приведување пред правдата на лицата кои сториле кривични дела против буџетот на ЕУ.

Од 22 обвинители, 14 имаат мандат од шест години, а останатите три години и немаат право на реизбор.

Задачата на ЕППО ќе биде борба против криминалот, измами, корупиција, избегнување на плаќање на данок на додадена вредност над десет милиони евра.

Советот на ЕУ и на Европски парламент во 2019 година ја именуваа Ковеси за прва главна обвинителка на Унијата.

Таа беше прва жена главен обвинител во Романија и најмлад главен обвинител. Додека раководеше со романската антикорупциска агенција, поради корупција се истражени и обвинети голем број високи владини претставници.

Во ЕППО учествуваат 22 земји-членки – Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Романија, Словенија, Словачка и Шпанија.

ЕППО како независно тело на ЕУ треба да почне со работа на крајот од годината, а седиштето ќе биде во Луксембург.

Треба да знаете
Последни објави