Search

Еквадор се повлекува од Унијата на јужноамерикански држави

Еквадор се повлекува од Унијата на јужноамерикански држави (УНАСУР), објави претседателот на таа држава Ленин Морено.

Во изјава за државната телевизија, тој нагласи дека УНАСУР во пракса не функционира една година,  бидејќи половината од членките не учествуваат во работата ниту плаќаат за членство.

– Еквадор увиде дека не постојат услови УНАСУР да успее во мисијата за постигнување јужно американска интеграција, додаде Морено.

УНАСУР е регионален форум за политички дијалог формиран во 2008 година по иницијатива на поранешниот венецуелски претседател Уго Чавез и тогашниот бразилски претседател Лула да Силва.

Организацијата има за цел намалување на регионалните тензии во Јужна Америка и планира формирање зона на слободна трговија и единствена валута во регионот.

Треба да знаете
Последни објави