Search

Еквадор подобар од Холандија, но освои само бод, трет гол на Валенсија

Холандија и Еквадор одиграа 1-1 во второто коло од Светското првенство во Катар, Еквадорците беа подобри, создадоа повеќе шанси за гол, Холандија одигра блед натпревар.

Холандија со победа ќе го завереше пласманот во осминафиналето на коло пред крајот, но Холанѓаните имаа разочарувачки натпревар против Еквадор, а почнаа добро.

Гакпо со одличен шут уште во шестата минута донесе водство за Холандија од 1-0. Тоа беше негов втор погодок на Мундијалот.

Но се покажа дека тоа беше се што направи Холандија на овој натпревар. Потоа почна да доминацијата на Еквадор.

Тие постигнаа гол во судиското продолжение од првото полувреме, но погодокот беше поништен поради офсајд, еден играч на Еквадор стоеше пред голманот.

Во четвртата минута од второто полувреме Енер Валенсија постигна гол за израмнување на 1-1. Тоа беше негов трет погодок на Светското првенство. Посебно е интересно што Енер Валенсија ги постигна последните шест гола за Еквадор, со што стана единствениот играч во историјата на Светските првенства кој постигнал шест гола за јужноамериканската нација.

Еквадор продолжи да напаѓа, да брка победа, создаваше шанси, ја погодија и пречката, но не успеаа да постигнат и втор погодок.

Колку за споредба, Еквадор на овој меч имаше 14 шутеви од кои четири во голот, Холандија имаше два шута, од нив само еден во голот, тој на Гакпо. Еквадорците изведоа пет корнери, Холанѓаните само два.

По два одиграни натпревари во оваа група, Холандија и Еквадор имаат по четири бода и идентична гол разлика, Сенегал е трет со три бода, Катар нема бодови.

Во последното коло Холандија игра со Катар, Еквадор со Сенегал.

Треба да знаете
Последни објави