Search

Еквадор бара Интерпол да го уапси поранешниот министер за надворешни работи и поддржувач на Асанж, Патино

Еквадорски судија наложи поранешниот министер за надворешни работи, Рикардо Патино, познат поддржувач на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, да биде уапсен и побара од Интерпол да го уапси, објави „Ел комерсио”, Патино избегал од земјата.

Од канцеларијата на еквадорскиот јавен обвинител во четвртокот изјавија дека судијата Флавио Паломо донел одлука за притвор за Рикардо П. по барање на обвинителството поради сомневање за негова вмешаност во поттикнување кривично дело.

Претходно истиот ден се појавија информации дека Патино заминал за Перу во средата, по апсењето на Асанж во Лондон минатата недела. Минатата недела обвинителите веднаш побараа апсење на Патино, но судијата го одби барањето.

Еквадорското МНР, исто така, тврди дека клучен член на „Викиликс“ и човек близок до Асанж неколку пати патувал во Колумбија, Шпанија и во Венецуела со Патино.

Асанж живееше во Амбасадата на Еквадор во Лондон речиси седум години пред укинувањето на неговиот азил, што резултираше со негово апсење по потерници од Шведска и од САД. Асанж сега се соочува со екстрадиција во САД каде што е обвинет за заговор за хакирање владин компјутер за да се објават доверливи информации.

„Викиликс“ посочи дека апсењето на Асанж е поврзано со објавувањето на т.н. „ИНА документи“, кои доведоа до офшор скандал околу претседателот на Еквадор, Ленин Морено. Иако платформата истакна дека никогаш не ги објавила документите, Морено тврдеше дека објавиле приватни фотографии од неговото семејство.

Треба да знаете
Последни објави