Search

„Ежот Соник“ на врвот на светскиот бокс-офис

Премиерното прикажување на Sonic the Hedgehog во киносалите во Америка и ширум светот ги сруши рекордите на боксофисот за игран филм адаптиран по видеоигра, дебитирајќи со 100 милиони долари заработени во првиот викенд.

Sonic the Hedgehog („Ежот Соник“), ги претрка Birds of Prey and the Fantabulous Emancipation of One Harley Quinn („Птици грабливци и фанатастичното ослободување на една Харли Квин“ со што го превзема водството на светската ранг-листа за киноблагајни, според најновите податоци на Комскор (Comscore).

Ежот Соник е филмувана верзија на познат цртан лик – хибрид со анимирани ликови и реални актери.

Според бројките објавени од страна на „Комскор“ во неделата, 16 февруари, филмот заработил 100 милиони долари ширум светот, вклучувајќи и 57 милиони долари во Северна Америка. Ова е најдоброто премиерно прикажување на сите времиња, на филм инспириран од видеоигра.

„Парамаунт“ ужива во неочекуваниот успех. Иако првичните реакции на публиката не беа позитивни и повеќето го критикуваа дизајнот на синиот лик откако се појави првиот трејлер, сепак одличниот старт покажа дека промените направени од екипата на филмот се исплатија.

Кралицата на светскиот бокс-офис минатата недела, Маргот Роби, не е повеќе на тронот. Австралискат актерка која игра во “Птици грабливки“ сега е на второ место на светската ранг-листа.

Треба да знаете
Последни објави