Search

Еееееј, станав дедо!!! На музичкиот новинар Драган Б. Костиќ се уште не му се верува!

Некои му посакаа, секако искрено, “добре дојде во клубот на пензионерите“, а тој им возвраќа со интересна порака: -Лесно е да се стане татко, тешко е да се остане татко.
Дедовството зависи од татковското.
Велат….Каков татко, таков син.
А, внукот? Не знам? Допрва ќе осознавам.
Им благодарам на ќерката Елена Костиќ и зетот Вангел Милевски. За внукот Андреј!
Ееееј… станав ДЕДО!!!

Ете, токму така радосно изреагирал и секако крајно емотивно познатиот македонски музички новинар Драган Б.Костиќ кога му ја соопштија радосната вест. Сега насмевката не му се симнува од лицето! А, веднаш потоа стасаа бесконечно многу честитки од сите страни:

– Дедото допрва ќе ужива и ќе се насладува на животот заедно со внукот… Само радости и убавини, секогаш да си среќен дедо… Нека е жив и здрав внукот, среќен и бериќетен и од бога благословен… Сега Драган можеш слободно да кажеш дека си богат човек…                                                                                                                   На радоста на Драган секако ѝ нема крај!

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави