Search

Ед Ширан ќе одржи бесплатен концерт во Ковентри

Поп-sвездата Ед Ширан ќе изведе бесплатен концерт во Ковентри на 25 август, објавија британски медиуми.

Ширан ќе настапи пред 700 фанови, на возраст над 16 години, за да го одбележи големото отворање на HMV Empire на улицата Хертфорд.

Концертот е исто така дел од прославата за стогодишнината на компанијата со билети што ќе се издаваат бесплатно на сајтот на „ХМВ“ со извлекување.

„HMV е продавница во која поминав многу време додека растев и место каде открив многу нова музика, па со нетрпение очекувам со нив да ја прославам оваа пресвртница,“ изјави Ширан.

Треба да знаете
Последни објави