Search

Ед Ширан поседува 27 недвижнини во вредност од 102 милиони долари

Ед Ширан ја прошири својата флота за домување во главниот град на Велика Британија, Лондон, до фантастична бројка 22, а заедно со имотот во Сафолк, 28-годишниот пејач сега поседува имот (станови, куќи и вили) во вредност од 57 милиони фунти односно 102 милиони американски долари.

Извор за весникот The Sun („Сан“) изјави: „Сумата на пари што тој ги вложи во недвижен имот е зачудувачка, но тоа е само капка во океан во споредба со 600 милиони фунти што тој ги заработи од неговата турнеја Divide Tour. И секако дека е паметен потег да се инвестира во недвижнини во Лондон, вели изворот.

Најголем дел од купувањата се извршени преку „Маверик пропертис“, фирма која што Ед ја осниваше во 2015 година заедно со неговиот менаџер Стјуарт Камп.

Во изминатите четири години, фирмата купуваше куќи во елитните лондонски  квартови, вклучувајќи го и Холанд Парк (Кенсингтон) и Вајтчепл.

Треба да знаете
Последни објави