Search

Едштадлер најави дека ќе поднесе барање за нов договор за ЕУ

Австриската министерка за европски прашања Каролина Едштадлер најави дека ќе направи барање за нов договор на ЕУ на конференција за иднината на Европа и истакна дека Виена ја поддржува реформата на процесот за проширување за тој да биде побрз и појасен.

Едштадлер рече дека ЕУ мора заеднички да решава големи проблеми, а малите да им ги препушти на  членките.

Кога станува збор за процесот за проширување таа е голем оптимист дека тој ќе продолжи.

– Тоа е поради разговорите во Париз, бидејќи јасно беше ставено до знаење дека тие не сакаат да ги одложат пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Во исто време, Франција сака реформа на процесот за пристапување. Ние ја поддржуваме таа реформа, бидејќи сметаме дека тој процес мора да биде побрз и појасен за државите, кои прават многу за пристапување, да добијат што побрзо можност за членство, рече Едштадлер.

Според неа, новата Влада на Австрија, е решена да игра важна улога во Европа. 

Треба да знаете
Последни објави