Search

Едукација за другаризација во МКЦ, совети против врсничко насилство

Едукација за другаризација во МКЦ, совети против врсничко насилство

Во Младинскиот културен центар денеска ќе се одржи советување за млади и возрасни за методите за намалување на врсничкото насилство.

Советувањето е дел од кампањата „Другаризација“ која поттикнува пријателството, едукацијата и споделувањето информации за борбата против врсничкото насилство.

На акцијата ѝ се придружија многу лица и организации. Од голема значајност е поддршката од младите македонски YouTube-ри Изабела Пан, 100јан, Бамбо, Боби Бит бокс, Лорд оф Фејлс, Никола Артс Хоусе, Марта Девилиш, Слик, Чика тандер.

Клучните совети ќе бидат од експертите и организациите како Бојан Кардалов (експерт за сајбер безбедност), Здружение на млади правници, Проект Среќа, младинската организација Поема, Здружение на граѓани Хесед, Евангелско Протестантската Иницијатива, Здружение на граѓани Еден свет, хуманитарна организација АГАПЕ, Искра, Институт за Брак Семејство и Системска пракса-алтернатива и други.

Треба да знаете
Последни објави