Search

Едуард Филип: Веројатно е дека подигањето на мерките за ограничено движење нема да се случи одеднаш и за сите

На прашањето од пратениците во Националното собрание, каде што е сослушуван од Парламентарната мисија за следење на епидемијата на коронавирусот, заедно со министерот за здравство, премиерот Едуар Филип, изјави дека „веројатно подигањето на мерките за ограничено движење нема да се случат одеднаш и за сите”, јави дописникот на МИА.

Тој нагласи дека ситуацијата низ која минува Франција е „без преседан” и „дека ниту еден здравствен систем во светот не е изграден, димензиониран, да се соочи со она што го живееме”.

Едуард Филип понатаму прецизираше дека се размислува за сите „можности на регионално подигање на мерките за ограничено движење”.

– Ние не знаеме се. Одлуките што ги донесуваме често се донесуваат врз основа на информации што понекогаш се нецелосни и честопати противречни.

Едуар Филип рече дека ја дели „загриженоста” за „екстремно тешките” последици врз економијата.

– Тие се крајно тешки за нашата земја, прекин на глобалниот економски циклус, значително намалување на светската побарувачка. Апсолутно е сигурно дека здравствената криза најверојатно ќе биде засилена од економска криза, а можеби утре и финансиска криза, додаде тој.  Филип додаде дека помошта на владата за претпријатијата, а особено воспоставување на делумна активност, е систем на помош кој според него е „најдарежлив во Европа”.

Треба да знаете
Последни објави