Search

„ЕДС“: Компанијата нема земено ниту денар од УЈП, ВМРО-ДПМНЕ покажува несериозност

„ЕДС“: Компанијата нема земено ниту денар од УЈП, ВМРО-ДПМНЕ покажува несериозност

„ЕДС“ веќе се произнесе во врска со искажаните невистини и е повеќе од смешно и крајно несериозно што политичка партија држи прес конференција за веќе демантирана информација, реагираат од компанијата на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека „ЕДС“ си го наплатила долгот од над 1 милион евра пред „Фени“ да отиде во стечај.

„Нашиот став ќе го повториме уште еднаш – ‘ЕДС’ нема земено ниту еден денар од УЈП по основ на наплата на каков било долг во однос на ФЕНИ. ‘ЕДС’ никогаш не ја реализира наплатата во споменуваниот договор и не се пријави во редот на разлачни доверители во предстечајната постапка на ФЕНИ Индустри. Ние како компанија, во стечајната постапка се пријавивме како секој обичен доверител и бевме третирани како и сите останати обични доверители“, се вели во реакцијата.

Како што претходно кажавме, додаваат од таму, заради изнесени лаги и неосновани наводи, во врска со нашата компанија, „ЕДС“ преку своите правни застапници ги презема и ќе ги преземе сите правни механизми вклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на угледот и честа на компанијата.

Треба да знаете
Последни објави