Search

Едно лице повредено во сообраќајката кај обиколницата

Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што се случила попладнево на скопската обиколница, информираа од МВР.

Од Министерството велат дека во полицијата е пријавено дека сообраќајката се случила на скопската обиколница кај Смилковско Езеро. Според пријавата возилото излетало, а едно лице е повредено и пренесено во Клиничкиот центар Скопје.

Полицијата врши увид на местото на сообраќајната незгода.

 

Треба да знаете
Последни објави