Search

Едноставен рецепт против затнат нос и грло

Солената вода одамна се користи како природно средство против некои непријатни појави, како што е воспалението на грлото, при кое таа ги одржува дишните патишта влажни.

Доколку имате воспаление на грлото, исплакнете го грлото со следниот препарат: половина лажичка сол помешајте со една шолја топла вода.

За испирање на затнат нос, потопете една четвртина лажичка сол во шолјичка топла вода, измешајте и со помош на шприц или прскалка од капки за нос исплакнете ги двете ноздрви.

Иако многумина користат топла вода од бојлер, подобар избор се дестилираната или зовриената вода.

Треба да знаете
Последни објави