Search

Едномесечно бебе меѓу шестте новозаболени од морбили

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден се регистрирани шест нови случаи на морбили.

„На клиниката за инфективни болести е хоспитализирано едномесечно бебе со Даунов синдром од Куманово, кое е со потешка клиничка слика и претходно било лекувано на Клиниката за детски болести. Инаку, на клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 20 пациенти со ова заболување“, соопштија од Министерството.

Амбулантски се прегледани пет пациенти со симптоми на морбили, од кои едно 6-годишно дете од скопското село Љуботен, кое е вакцинирано со една доза, како и 4 возрасни пациенти, двајца од Скопје, и по еден од Дебар и од Куманово, кои се пуштени на домашно лекување.

Според податоци од пунктовите за имунизација, од почетокот на епидемијата се вакцинирани вкупно 5.107 деца.

Треба да знаете
Последни објави