Search

Една третина од ирските фирми изложени на ризик од Брегзит без договор

Една третина од ирските фирми ќе бидат изложени на ризик од реализирањето на Брегзит без договор, предупреди Националната банка.

– Околу една третина од сите фирми се определени како економски ранливи, се наведува во соопштението на Централната банка на Ирска.

Според Министерството за земјоделство, во 2017 година, 38 проценти од извозот на ирски земјоделски производи е направен во Велика Британија.

Но, доколку Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 октомври без договор, може да се врати на правилата на Светската трговска организација (СТО), што се однесуваат на тарифи и други бариери за таквата прекугранична трговија.

– Секторот е многу зависен од пазарот во Велика Британија, соочен пред високи тарифи при тешко сценарио за Брегзит и има значителна концентрација на помалите фирми со ниски или негативни приходи од пазарот, се вели во извештајот на Банката.

Претседателот на Ирската асоцијација на земјоделци, Џо Хили изјави дека Брегзит без договор ќе биде „катастрофален за земјоделските производители од Ирска”

Треба да знаете
Последни објави