Search

Една жртва и тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа во ресенско

Тешка сообраќајна несреќа се случила во петокот попладенето во Преспа, во којашто според сѐ уште неофицијални информации загина жена, а уште три лица се хоспитализирани со тешки повреди.

Маж на возраст од околу 40 години и девојче на 10 години со повеќе повреди и во тешка состојба во моментото се на одделението за неурохирургија во Клиничката болница во Битола.

Поради исклучително тешката состојба и повредите со кои се здобиле овие две лице,  во болницата се организира транспорт на поврдените на Клиниките во Скопје.

Поврдено е уште едно лице на возраст од  60 години, кое  е хоспитализирано во Битолската болница.

Треба да знаете
Последни објави