Search

Еднакви кон сите: Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат своите слободи и права

Народниот правобранител е независен орган утврден со Устав кој ги промовира и штити уставните и законски права на граѓаните и на сите други лица кога им се повредени од акти, дејствија и пропуштања на дејствија од органите на државната управа, од органите на единицата на локалната самоуправа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања Народниот правобранител, со цел заштита на човековите слободи и права може да даде препораки, предлози, мислења и укажувања за начинот на отстранување на констатираните повреди. Да предложи повторно спроведување на определена постапка, да покрене иницијатива за поведување дисциплинска или прекршочна постапка против службено, односно одговорно лице, но и да поднесе барање до надлежен јавен обвинител за покренување на постапка заради утврдување на казнена одговорност против службено односно одговорно лице.

Народнот правобранител презема дејствија и мерки заради промоција и заштита на уставните и законските права на граѓаните и заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.

Народниот правобранител врши превенција и обезбедува посебна заштита на правата на децата и лицата со попреченост,како и превенција и заштита од тортура и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување преку спроведување на редовни и ненајавени посети на местата каде лицата се или може да бидат лишени од слобода.

Народниот правобранител  нуди бесплатна услуга, а јазикот на обраќање, односно комуникација не претставува пречка. Секој може да му се обрати за помош, совет или интервенција.  Неговата канцеларија е отворена и достапна за секого, а постапувањето е стручно, транспарентно и со цел остварување на правата на граѓаните.

https://www.facebook.com/ombudsman.mk/videos/3185316554833332/

Во 2017 и 2019 година Народниот правобранител започна да ги спроведува новите надлежности со што ги зголеми можностите за заштита на правата на граѓаните. Покрај веќе постојните надлежности, Народниот правобранител почна да дејстува како Пријател на судот, Механизам за граѓанска контрола на работата на полицијата, да го следи спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, и да дејствува како Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција.

Секогаш кога сметате дека ви е потребна помош од Народниот правобранител, можете да се обратите лично во неговата канцеларија во Скопје, како и во подрачните канцеларии во: Тетово, Кичево, Штип, Струмица, Куманово и Битола, по телефон, по пошта или по електронска пошта.

Побарајте повеќе информации за надлежностите на Народниот правобранител на официјалната веб страница ombudsman.mk или на фејсбук страницата Ombudsman.mk

Треба да знаете
Последни објави