Search

Еди Меркс хоспитализиран по пад од велосипед

Легендарниот белгиски велосипедист Еди Меркс, возејќи се со пријатели, паднал од велосипед и е во болница.

Меркс, кој од 1969 до 1974 година беше петкратен победник на славната трка околу Франција, Тур де Франс, има пет титули и на Џиро Италија, беше трикратен светски првак, важи за еден од најдобрите велосипедисти во историјата. Годинава Тур де Франс почна во Брисел, во чест на 50-годишнината од првиот триумф на Меркс.

Тој сега има 74 години и уште се вози со своето омилено превозно средство на две тркала.

Меркс се возел со пријателите во близина на градот Дендермонд и паднал, а бидејќи од пред шест години има пејсмејкер на срцето, бил задржан на испитувања во болницата.

Треба да знаете
Последни објави