Search

Единствено време кога нашата држава била заложник се 11 години на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, извршителот Мицкоски нема што друго да им понуди на граѓаните освен враќање на режимот

Соопштение за јавност-реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

 

Единствено време кога нашата татковина беше заложник се 11те  години на криминалното владеење  на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски. Во тоа време извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски беше најлошиот, нејнеуспешниот директор на ЕЛЕМ кога струјата ја покачи над 100%.

Додека граѓаните врзуваа крај со крај, Груевски и послушниците се расфрлаа со парите на граѓаните.

11 години заложништво, значеше исто толку години замрзнати плати, пензии, стечајци на улица, селективни и ненавремени субвенции, младина без можности за напредок и без шанси за иднина поради изолацијата. Доаѓањето на СДСМ на власт е време на ослободување на државата од заложништво и градење на демократијата. Денес секој има право на свое мислење и став, не се шепоти повеќе туку гласно се зборува.

Наспроти деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ , СДСМ успеа за најкраток рок од 2.5 години, да реши клучни и стратешки прашања за државата и донесе мерки и реформи во интерес на граѓаните и државата. Денес имаме минимална плата од 14.500 денари  и просечна со највисок раст досега, решен статус на 12.000 стечајци, повисоки пензии, 60 илјади нови работни места, најниска невработеност од 17.1% неселективни и навремени субвенции и можности  за младите да останат и напредуваат во својата татковина. Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

Треба да знаете
Последни објави