Search

Единствена Македонија: Уште колку треба заболени и починати од коронавирус, за да видиме домашно единство меѓу Заев и Мицкоски

Единствена Македонија во име на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ најостро ги осудува секојдневните кавги за кризата меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

„Устите на Заев и Мицкоски се полни со грижа за здравјето на народот. Но, во реалноста гледаме препукувања за се и сешто меѓу Мицкоски и Заев. Ова е стара практика на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога земјата е во некаква криза – воена, политичка, безбедносна, еве сега и здравствена, да се расправаат наместо да покажат единство во елиминирањето на последиците од оваа здравствена криза.

Зоран Заев и Христијан Мицкоски не можат да разберат дека домашното единство во кризата е најсилната брана. Заев и Мицкоски не можат да разберат дека здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Едно е јасно, сега е потребно домашно единство, дотолку повеќе, здравстените власти во земјата кажуваат дека влегуваме во пикот на заразата, се очекува врвот во наредните 2 до 3 недели.

Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ги прашува Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ако сите заболени и починати од коронавирусот не се доволно за сплотеност, тогаш, што уште треба да се случи за да видиме домашно единство на Заев и Мицкоски во битката со коронавирусот“ велат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави