Search

Единствена Македонија: Заев упорно бега од двојни избори и продолжува со бесмилосна злоупотреба на буџетот

Зоран Заев и денес ја одложи најавената одлука на СДСМ за предвремени парламентарни избори како што тоа го направи на неколку пати во изминатите денови, со што покажува дека е преплашен од соочување со народот, велат од Единствена Македонија.

„Преплашениот Заев очигледно веќе го губи и компасот. Заев се фали во јавноста дека ќе победел на наредните избори а упорно бега од парламентарни избори и соочување со народот за историската иднина на Република Македонија.

Странскиот измеќар Зоран Заев охрабрен од своите газди од НАТО кои не ги интересира грабежот туку само сакаат марионети кои верно ќе служат, продолжува со злоупотреба на буџетот во пресрет на избори.

Така, на пример, Заев од буџетот им даде на општините 50 милиони ера за покривање на заостанти долгови а не испита кој и како ги направил долговите, на Фондот на пензиско од буџетот му даде 19 милиони евра оти некој ги украл парите, а Заев не испита кој и како украл 19 милиони евра на пензионерите и најново Заев од буџетот им исплати 2 милиони евра на лозарите од Кавадарци оти приватна фирма го зела грозјето ама не го платила, а Заев не испита која приватна фирма го земала грозјето и не им го исплатила на лозарите“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Заев бесмилосно, велат од Единствена Македонија го решети буџетот за партиски потреби во пресрет на изборите.

Треба да знаете
Последни објави