Search

Единствена Македонија: Заев заборави на бранителите кои загинаа пред 18 години во битката за Арачиново

Единствена Македонија го обвини премиерот Зоран Заев дека денеска не дошол во Арачиново за да одаде почит на загинатите македонски бранители, кои, како што велат од партијата, загинаа во Татковинската војна на денешен ден пред 18 години во битката за Арачиново.

„Зоран Заев постојано се фали со едно општество за сите, но, во замисленото општество на Заев има место само за Албанците а не и за Македонците. Нашите херои од Татковинската војна за Заев не заслужуваат внимание. Заев гази по достоинството на бранителите и нивните семејства и ја потценува жртвата што ја дадоа македонските херои во Татковинската војна.

Марионетата Заев го интересираат само прашања поврзани со албанското малцинство а негира се што е поврзано со Македонците. Во изминатите две години Заев неколку пати го посетуваше Арачиново и таму не можеше да ги наброи проектите за Албанците финансирани од буџетот, како на пример, изградбата на општинска зграда, училиште, градинка, локални патишта, канализација и други објекти во Арачиново.

Меѓутоа, Заев одбива поставување спомен – обележје на: Никола Пехчевски, Атанас Јанев Александар Стојчев и Оливер Китановски, бранители кои загинаа во Арачиново во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е оддавање достојна почит на бранителите – херои и решавање на проблемите на преживеаните бранители и семејствата на загинатите бранители. Луѓето кои го дадоа својот живот за татковината, ја заслужуваат нашата почит, а не да се гази врз нивната жртва, дадена за нашата држава“ додаваат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави