Search

Единаесет сообраќајки вчера во Скопје

Едно лице се здобило со тешки телесни повредни, а девет се полеснo повредeни во шест од 11 сообраќајни несреќи регистрирани на подрачјето на СВР Скопје.

 

Сообраќајната полиција санкционирала 87 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а исклучила од сообраќај 12 возачи, од кои четири возачи под дејство на алкохол, осум пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени 13 нерегистрирани возила, шест неисправни возила, 84 автомобили кои биле непрописно паркирани, а 68 возила се подигнати со „пајак“.

Седуманесет пешаци поминале коловоз надвор од пешачки премин, а 33 возачи поминале на крстосница на црвено светло.

Двајца возачи поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаци, пет се престроиле неправилно, еден неправилно престигнувал, додека пак седум возачи не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл.

Одделението за Превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници.

Треба да знаете
Последни објави