Search

Единаесет повредени во седум сообраќајки во Скопје

Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, сообраќајната полицијај исклучила еден возач кој се движел со поголема брзина од дозволената, еден возач пред се стекне со право на управување на моторно возило и едно нерегистрирано возило.

За не прописно паркирање е издадена една казна, а со специјалнто возило „пајак” подигнати се 56 возила.

Казнет е еден возач кој поминал крстосница на црвено светло.

Треба да знаете
Последни објави