Search

Единаесет лица спасени откако се сруши зграда во Кина

Спасувачките служби извлекоа 11 преживеани лица од урнатините на зграда во кинескиот финансиски центар Шангај во четвртокот, а се верува дека уште толку се заглавени под нив.

Зградата во провинцијата Шангнинг во Шангај беше во фаза на реновирање кога се урна во доцните утрински часови, затрупувајќи околу 20 лица, соопштија пожарникарите.

Над 150 спасувачи се на местото на настанот, а до рано попладне тие успеаа да извадат 11 преживеани, додадоа пожарникарите.

Засега не се знае зошто зградата се срушила.

Треба да знаете
Последни објави