Search

Едер Милитао објасни зошто му се слоши на претставувањето во Реал Мадрид

Едер Милитао и официјално беше претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид, а за време на претставувањето му се слоши.

Со оглед на тоа што бројни шпански медиуми пишуваа дека Милитао имал бројни здравствени проблеми кои лекарите на Реал Мадрид не ги забележале на прегледите, Бразилецот беше приморан да го објасни сето тоа.

„Летот од Бразил за Мадрид траеше долго и веднаш пристигнав на лекарски прегледи кои беа успешно завршени. Потоа пристигнаавме на стадионот каде што потпишав договор и излегов на терен за да ги поздравам навивачите“, изјави Милитао и додаде:

„Во тој хаос не успеав ништо да јадам, а кога ќе ја додадете големата трема која што ја имав, јасно е зошто ми се слоши. Морав да побарам прекинување на прес-конференцијата, но сега ми е многу подобро и подготвен сум за нови предизвици“, изјави Милитао.

Треба да знаете
Последни објави