Search

Еден убиен и еден повреден во пукање во црква во Мисисипи

Едно лице е убиено во расправија на неделната утринска служба во Црквата Христова во Рипли, Мисисипи.

Кит Булок, полицаец во округот Типа, присуствувал на службата кога еден човек му се приближил и, наводно, извадил нож, принудувајќи го службеникот да го извлече оружјето и да го застрела напаѓачот, пренесува Tippahnews.com.

Патрик Сандерс (57) бил прогласен за мртов на местото на нападот, а Булок бил однесен во болница со полесни повреди, соопшти полицијата. Според извештаите, Сандерс бил зет на проповедникот и двајцата припаѓале на истата конгрегација.

Треба да знаете
Последни објави