Search

Еден починат и четворица повредени во сообраќајка во Кавадарци

На 20.11.2020 во 17.15 часот на регионалниот пат Кавадарци, кај Градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „урсус” со приколка, управуван од В.П.(24) од Кавадарци, патничко возило „фолксваген голф”, управувано од Л.Л. (51) од с.Дабниште, кавадаречко и патничко возило „опел вектра”, управувано од М.К.(46) од Кавадарци, сите со кавадаречки регистарски ознаки. На местото на незгодата починал З.Л.(54) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило „фолксваген голф”, а смрт кон-статирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле во-зачот Л.Л. и сопатникот од истото возило Р.Л.(79) од с.Дабниште, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и со-патничката од истото возило М.К.(37) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна еки-па на ОВР Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави