Search

Еден полицаец и тројца напаѓачи се убиени при ослободување на заложници во Кабул

Еден полицаец и тројца напаѓачи се убиени во денешната операција на авганистанските безбедносни сили во Кабул, при што се ослободени и 260 луѓе, кои беа заложници на екстремистите.

– При нападот врз неколку административни згради во Кабул, повредени се тројца полицајци и еден цивил, изјави полицискиот портпарол Басир Муџахид.

Силите за безбедност продолжуваат да го пребаруваат реонот од екстремисти и  да ослободат евентуални заложници.

Нападот почна со активирање на автомобил бомба, потоа екстремистите отворија оган и влегоа во административните згради земајќи заложници.

Засега се уште никој не презе одговорност за нападот.

Тоа е 22 напад во Кабул од почетокот на годината, при што вкупно загинаа над 510 луѓе, а повредени се повеќе од илјада.

Треба да знаете
Последни објави