Search

Еден од повредените полициски службеници има фрактура на главата

За време на насилните протести во Белград повредени се и 43 полициски службеници, а еден од нив има фрактура на главата и потрес на мозокот, соопшти директорот на српската полиција Владимир Ребиќ.

Во здравствените установи се пријавија 43 полициски службеници, а одреден број со полесни повреди воопшто и не побараа лекарска помош. Загрижен сум за здравјето на колегите и надевам дека службеникот кој има повреди на главата дека брзо ќе закрепне – рече Ребиќ.

Според директорот Ребиќ полициските службеници не употребиле сила се до оној момент кога нивните животи не беа загрозени.

 

 

Треба да знаете
Последни објави