Search

Еден месец Фестивал на чајот и читањето

Организатори се издавачката куќа „Феникс”, Фондацијата „Македонија презент”, Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ и Здружението „Интеракција плус”.

Во рамки на фестивалот ќе бидат промовирани книгите „Детскиот тематски свет на Ацо Караманов”  од Мито Спасевски, „Вработувањето на лицата со посебни потреби во Република Македонија” од Ана Петреска и „Книга за чајот” од Какузо Окакура.

Ќе биде реализирана анкета на тема „Што читаат средношколците”, како и  промотивна работилница по повод изданието „Чекор по чекор до правилен  говор”.

Треба да знаете
Последни објави