Search

Еден застрелан во судир на демонстрантите со „одмаздниците“ во Њу Мексико

Еден човек бил застрелан вчера на протест насочен кон соборување на статуа на конквистадор во Албукерки, Њу Мексико, во судирите меѓу демонстрантите и вооружената милиција, пренесува „Њујорк пост“.

Едно лице, за кое се верува дека е жртва на огнено оружје, е однесено во болница во критична состојба откако вооружениот напаѓач отворил оган кон група демонстранти кои се обидувале да ја отстранат статуата на шпанскиот освојувач Хуан де Онат.

Пукањето се случило кога група од шест тешко вооружени припадници на милицијата, наречена Граѓанска гарда на Њу Мексико, се судрила со демонстрантите, објави весникот „Албукерки“.

Началникот на полицијата во Албукерки, Мајкл Гиер, изјави дека одделот испитува дали е можно милицијата да ја ескалирала ситуацијата.

„ Добиваме извештаи за одмазднички групи кои веројатно го поттикнуваат ова насилство. Ако ова е точно, тие ќе сносат целосна одговорност согласно законот “, рече Гиер на Твитер.

Едно лице присутно на протестот твитнало фотографија на маж, кој подоцна бил идентификуван како пукачот, додека полицијата го проведувала. Осомничениот наводно рекол дека неговиот татко работи во канцеларијата на шерифот во округот Берналило.

Портпаролот на полицијата изјави дека полицајците користеле солзавец и шок-бомби за да ги заштитат полицајците и да ги приведат оние што биле вклучени во пукањето. Тој рече дека тие биле разоружени и приведени заради испрашување додека полицијата работела за да го обезбеди местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави