Search

Еден загинат и четворица спасени откако се сруши мост во Јужна Франција

Едно лице загина, а четири лица се спасени откако висечкиот мост над реката Тарн во близина на општината Мирепоа-сур-Тарн, североисточно од Тулуз, Франција падна утрово, пренесува „Франс прес“.

Според извештаите, мостот попуштил откако преку него поминал камион со тонажа над дозволената граница предизвикувајќи рушење на конструкцијата. Камионот паднал во реката заедно со автомобил што истовремено го минувал мостот.

Локалните медиуми посочија дека 15-годишно девојче загинало во инцидентот, но овие информации сè уште не се потврдени од надлежните. Речиси 80 спасувачи и три хеликоптери се упатиле на местото на настанот.

Според локалните медиуми, мостот долг 150 метри и широк 5 метри бил реновиран во 2003 година.

Треба да знаете
Последни објави