Search

Еден загинат во сообраќајка на магистралниот пат Радовиш-Штип

Скопјанец загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Радовиш-Штип.

Како што информираат од МВР, вчера во 15.35 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода меѓу камион „ман“ со струшки регистарски ознаки, управуван од В.Б.(52) од Радовиш и автомобил „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, управуван од И.М.(57) од Скопје.

Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото на настанот.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција

Треба да знаете
Последни објави