Search

Еден гигант го откажа интересот за Елмас, репрезентативецот најблиску до Серија А

Во изминатиов период се редеа бројни европски гиганти кои беа заинтересирани во своите редови да го видат нашиот Елиф Елмас.

19 годишниот фудбалер од средниот ред со своите игри го привлече вниманието на тимови кои настапуваат во најсилните пет лиги во светот.

Така, доста време се шпекулираше дека Атлетико Мадрид му фрлил око на нашиот репрезентативец, меѓутоа пишувањата дека клубот од главниот град на Шпанија се распрашувал за Елмас, но го откажал интересот.

Тоа значи дека фаворити за ангажман на Елмас сега се италијанските клубови кои се уште го следат нашиот дијамант.

Интер, Милан, Фиорентина и Лацио ќе донесат одлука дали сакаат да го ангажираат фудбалерот пред кого претстои светла иднина.

Треба да знаете
Последни објави