Search

Египет ја ограничи продажбата на „жолтите елеци“

 Египетските власти ја ограничија продажбата на „жолтите елеци”, кои станаа симбол на социјалното движење во Франција, пренесува Танјуг.

– Продажба на жолти елеци во Египет, контролирана од полицијата, веќе не е можна без дозвола, тврдат локалните трговци.

– Продажбата на тие елеци станува поопасна од продажба на дрога, вели неименуван трговец, појаснувајќи дека дошле претставници на службата за национална безбедност и побарале да се запре продажбата.

Во Египет, за секаков вид протести неопходна е дозвола од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави