Search

Египет ја обнови историската синагога во Александрија, но останаа малку Евреи

Египет во петокот повторно ја отвори историската синагога во медитеранскиот крајбрежен град Александрија по долгогодишно реставрирање финансирано од владата, но само мал број Евреи се останати од некогаш успешна заедница во Египет, повеќето од нив постари.

Евреите во голема мера заминаа од Египет пред повеќе од 60 години, во екот на непријателствата меѓу Египет и Израел.

Двокатната синагога „Елијаху Ханав“ и во Александрија делумно се сруши во 2016 година. Официјални лица за антиквитети соопштија дека реновирањето, што започна следната година, спречи целосно да се исгуби објектот.

Местото има долга историја. Претходна синагога датира од 1354 година и била изградена на истата локација, а сегашната зграда датира од околу 1881 година, кога еврејската заедница била голема и влијателна.

„Горд сум на она што го направи мојата земја и тоа симболизира заедничко живеење. Денес не постои разлика помеѓу египетскиот муслиман, христијанин и евреин“, рече Магда Харун, лидер на еврејската заедница во Каиро, на церемонијата за повторното отворање.

Синагогата „Елијаху Ханави“ е една од двете преостанати синагоги во Александрија. Во 1940-тите години, само градот живееле околу 40,000 Евреи, половина од еврејското население во земјата, според официјалната страница на покраината Александрија.

Современиот егзодус на еврејската заедница од Египет почна во 1948 година, по создавањето на државата Израел. Повеќе Евреи заминаа за Израел и на Запад по војната во Суец во 1956 година, кога Израел, Франција и Велика Британија почнаа воена офанзива против Египет.

Среде војната, непријателството кон Евреитево Египет се зголеми и тие беа сметани за соучесници во постапките на Израел.

Египет беше првата арапска земја што постигна мир со Израел во 1979 година.

Треба да знаете
Последни објави