Search

Египет спречи обид за продажба на античка статуа

Египетските безбедносни сили во средата успешно спречиле обид за продажба на огромна античка статуа која била ископана во египетската провинција Шаркија, а потоа пренесена во североисточниот регион Исмаилија, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Локалните полицајци во полициската станица во Абу Соер, во Исмаилија, изјавија за „Сада Ел-Балад“ дека обвинетиот комуницирал со некого во обид да ја забрза продажбата на статуата откако ја криел подолго време.

„По обемни истраги, откриено е дека статуата е ископана од археолошка локација во Шаркија пред повеќе години, пренесена во Исмаилија и закопана во земјоделска област“, раскажуваат полицајците.

Тие истакнале дека статуата тежи 700 тони, додавајќи дека станицата го известила јавниот обвинител на земјата да ја преземе истрагата.

Треба да знаете
Последни објави