Search

Египет и Нигерија со победи влегоа во нокаут фазата на Африканскиот куп

Фаворитите Египет и Нигерија го потврдија пласманот во нокаут фазата на Африканскиот куп на нации со победи во третото коло во групата Д. Египет ја забележа својата трета победа во три меча на турнирот, победувајќи ги соседите Судан со 1:0, додека Нигерија се втори по 2:0 победата над Гвинеја Бисау.

Мохамед Абделмодем во 35. минута со убав гол со глава по корнер беше доволен за победа на „фараоните“, кои секако се сметаат за едни од фаворитите за титулата во Камерун, додека за „Супер орлите“, Умар Садик беше стрелец во 56. минута од мечот, пред Вилијам Труст-Еконг во 79. минута го потврди триумфот.

Треба да знаете
Последни објави