Search

Египет го суспендира разгледувањето на Луксор со балон

Египет го откажа разгледувањето на древните локации со балон во Луксор, град кој го сметаат за најголем музеј на отворено, откако поради силниот ветар претходниот ден, 11 туристи беа принудени да слетаат во пустината на југот од земјата.

Како што соопшти АП, официјалните лица денес објавија дека набљудувањето со балон нема да биде дозволено сè додека не заврши истрагата.

Египетските власти велат дека се истражува дали компаниите за изнајмување балони ги почитуваат безбедносните мерки.

Туристите, граѓани на Индија, Кина, Велика Британија и Египет, летаа над старите храмови, кога силниот ветар ги одведе на запад, во пустината.

Човекот кој управувал со балонот успеал да воспостави контрола над леталото и тие сигурно се спуштиле.

Разгледувањето на Луксор со балон е многу популарно, а балоните секој ден пренесуваат речиси 360 туристи.

Треба да знаете
Последни објави