Search

Египет бара „Кристис“ да ја откаже аукцијата на статуата на кралот Тутанкамон

Египет се обидува да ја спречи аукцијата на 3.000 години старата камена скулптура на познатото момче фараон Тутанкамон во „Кристис“ во Лондон, пренесува „Брејтбарт“.

Египетското МНР издаде соопштение доцна во понеделникот велејќи дека Египет бара аукциската куќа да обезбеди документи за докажување на сопственоста на артефактот. Тие велат дека Египет, исто така, побарал од британските власти и оа Агенцијата за култура и образование на ОН да ја сопрат продажбата.

Од „Кристис“ не одговорија на барањето за коментар.

Статуата – глава од кафен кварцит на кралот Тутанкамон – треба да биде ставена на аукција во јули и може да се продаде за повеќе од 5 милиони долари.

Ттанкамон владеел со Египет од 1332 до 1323 година п.н.е. Неговата гробница била откриена во 1922 година од страна на Хауард Картер во Луксор.

Египет се обидува да ги врати своите антиквитети кои ги смета за државен имот.

Треба да знаете
Последни објави