Search

Египетски имам сака навредите кон муслиманите да бидат казниви со закон

Големиот имам на египетската џамија ал-Азар ја повика меѓународната заедница да ги криминализира актите против муслиманите, по објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед во Франција, што предизвика бес кај муслиманите ширум светот и повици од владите да ги бојкотираат француските производи.

Карикатурите, кои муслиманите ги сметаат за смртна навреда, беа објавени во знак на солидарност со францускиот наставник кој беше обезглавен на 16 октомври за прикажување карикатури на пророкот Мухамед на училишен час.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги налути муслиманите со изјавата дека ќе ги удвои напорите да ги спречи конзервативните исламски верувања да ги поткопаат француските вредности.

Шеикот Ахмед ал-Тајеб, челник на илјада години стар сунитски муслимански универзитет, рече дека ал-Азар остро ја отфрла употребата на антимуслиманска реторика за придобивање на изборни гласови.

Египетскиот претседател Сиси рече дека навредата на 1,5 милијарди муслимани не е слобода на говор, но отфрли каква било форма на насилство во име на одбрана на религијата и верските симболи.

Турција најави дека ќе ги преземе сите правни и дипломатски чекори против карикатурата на претседателот Ердоган во сатиричното списание „Шарли Ебдо“.

На насловната страница на весникот се гледа Ердоган во маица и долна облека со пијалок во раката, а покрај него седи жена со хиџаб.

„Силно ја осудуваме карикатурата на нашиот претседател во француското списание што покажува дека ниту една религија и вредности не се свети за истото“, напиша портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин на „Твитер“.

Треба да знаете
Последни објави